Природниот карактер на балканските реки се губи со алармантна брзина – за една деценија исчезнале над 2.400 километри недопрени водни патишта, вклучувајќи и делови од Вардар. Главни закани се хидроенергетските проекти, неконтролираното црпење вода и модификациите на речните корита. Експертите предупредуваат дека заштитата на преостанатите диви реки бара итна координирана акција, политичка храброст и одлуки засновани на наука Балканот ...

Балканот забележува алармантен пад на недопрените реки – за повеќе од една деценија, регистрирани се 2.450 километри загубени речни патишта, вклучувајќи и делови од Вардар. Најголеми промени се регистрирани во сливовите на Дрина, Неретва, Вардар, Девол и на Дрим. Извештајот за хидроморфолошката состојба на реките во 2025 година, нарачан од „Еуронатур“ и од „Ривервоч“ во рамките на кампањата „Спаси го синото срце на Европа“, проценува дека ...