На Реал Мадрид му беше доволен еден гол за да стигне до победа и три бода на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе. Кралскиот клуб дури во 80-тата минута го скрши отпорот на цврстите домаќини. Килијан Мбапе беше стрелец на голот, и тоа откако еден играч на Хетафе доби црвен картон. До крајот на средбата, домаќините останаа и без уште еден фудбалер на теренот. Тренерот на Реал, Чаби Алонсо, беше задоволен затоа што мисијата на екипата беше ...
И дефинитивно Ендрик минува низ еден кошмарен период во Реал Мадрид. Имено тој не одигра ни минута под водство на Чаби Алонсо оваа сезона, кој засега не го смета за важен дел од својот тим. Фрустрацијата кулминираше со победата на Реал од 1:0 против Гетафе. Бразилецот долго време се загреваше, очекувајќи да влезе во игра додека на тимот му беше непходен поведнички гол. Наместо тоа, Алонсо му даде знак да се врати на клупата, а напаѓачот силно ...
Реал Мадрид извојува тешка победа против градскиот ривал Хетафе и постигна гол откако противникот остана со играч помалку на теренот, но потоа во судиското продолжение, фаворитот ризикуваше да испушти триумф во ситуација кога домаќинот доби и втор црвен картон. Со девет фудбалери на теренот, Хетафе имаше голема шанса во 96-та минута, но Тибо Куртоа истрча навреме и го блокираше обидот на домаќините кои се обидоа да стигнат до сензационално ...

