Шест планети ќе се порамнат на ноќното небо кон крајот на февруари, од кои повеќето ќе бидат видливи со голо око. Тоа е т.н. планетарна парада, феномен каде што повеќе планети се чини дека се порамнуваат на небото во исто време. Планетите всушност не се во совршено права линија, но се релативно блиску една до друга на истата страна од Сонцето. Набљудувачите на небото обично можат да забележат две или три планети по зајдисонце, според НАСА. ...

Ретка појава на небото и планетарен спектакл на планети наредени во низа ќе биде вистинско искуство за набљудувачите на ноќното небо, пренесува РТС. Планетите нема да бидат наредени во права линија, туку во неправилна низа, блиску една до друга и близу едната страна од Сонцето. Главниот проблем со гледањето на сите шест планети е тоа што четирите од нив веќе се блиску до Сонцето и ќе бидат видливи само кратко време – ако воопшто бидат – во ...