„Таму ќе биде промовирана инвестицијата за реткиот минерал антимон од кривопаланечкото село Луке, кој ќе се извезува во САД. Топилницата за негова преработка би се градела во Оклахома“, рече Мицкоски. Тој рече дека истражувањата на терен се при крај и наскоро очекува да почнат ископувањата на рудата. „Ова е нешто што е многу важно за македонската економија и за нас како граѓани“, подвлече Мицкоски и додаде дека економската придобивка од оваа ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави плоден ден од втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што денеска се одржува во Вашингтон, и којшто би требало да заврши со заедничка изјава. Очекува да се промовира инвестиција во еден значаен производен објект за реткиот минерал антимон, а пред потенцијални американски инвеститори ќе биде претставен и проектот за Чебрен и Галиште. Македонија е првата земја од Европа која има ...
Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД отвора ново поглавје во билатералните односи, со фокус на конкретни инвестиции и развојни проекти. Во центарот на вниманието е најавениот извоз на антимон, редок минерал, кој може да донесе значителна економска корист за земјава. Разговорите во Вашингтон опфаќаат и клучни области како дигиталната трансформација, инфраструктурата и одбраната. Македонската делегација настојува да обезбеди подлабока ...

