Сигурен сум дека голем дел од македонските граѓани кога ќе ја слушнат веќе „славната“ флоскула „Иднината на Западен Балкан е во ЕУ“, во бес се фаќаат за првиот предмет прирака. Се разбира, го парафразирам Гебелсовиот „чуен“ став за културата, но тој прилично сликовито го прикажува актуелното расположение кај нас кон овој процес. Освен, се разбира, кај онаа интелектуална клиентела која божем уште „се пали“ на еу (малите букви се… знаете веќе ...
Очигледно, перверезиите на оваа провинциска „европска“ постава ќе го држат стариот континент во железна прегратка уште четири години. И ќе носат нови и нови налудничави одлуки, како оваа со Бугарија во Шенген зоната. Па таму со години не можат да состават нормална влада, овие ги промовираат во полно партнерство! Но, можат ли да се случат и чуда, па Трамп и Путин да ја растурат оваа перверзна политикантска еу фарса „како дете играчка“? Златко ...