„Каубоите“ го добија дербито со Словенија со 29-25 и со тоа го презедоа првото место во групата, па сега сами за себе одлучуваат за пласман во полуфиналето. До победата Хрватите стигнаа во неизвесна завршница, иако диктираа темпо во поголем дел од средбата. Со овој триумф веќе утре Хрватска треба да ја победи Унгарија и ќе се пласира во полуфинале. На Хрватите им се исполни еден од предусловите, бидејќи Исланд киксна во првиот денешен меч и ...
Хрватските ракометари покажаа карактер кога беше најпотребно. Со победата од 27-25 над Унгарија, „Коцкестите“ го осигураа првото место во групата и обезбедија пласман меѓу четирите најдобри во Европа. Хрватската ракометна репрезентација приреди уште еден подвиг за историја. Во драматичен натпревар полн со тензија, избраниците на хрватскиот селектор успеаја да ја совладаат секогаш незгодната Унгарија со 27-25 (13-15). Со овој триумф, Хрватска ...
Завршните натпревари од главната фаза во кои Данска вечерва ја совлада Норвешка со 38-24, а Шведска триумфираше над Швајцарија со 34-21 ги комплетираа полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет. Данска со вечерашниот триумф го освои првото место во групата 1 и во полуфиналето ќе игра против Исланд, како второпласирана репрезентација во групата 2, додека Хрватска како првопласирана репрезентација во групата 2 во полуфиналето ќе ...

