Борбени авиони на НАТО биле испратени да пресретнат дрон што летал во близина на литванскиот главен град Вилнус. Во земјата била прогласена тревога за воздушна опасност. Претседателот Гитанас Науседа и неговиот кабинет беа евакуирани во засолништа, потврди портпаролот на кабинетот Фредерикас Јансонас. Истиот протокол беше следен и во литванскиот парламент, каде што членовите на парламентот и персоналот беа евакуирани во подрумот на зградата. ...

Литванија издаде предупредување за „воздушна опасност“ и привремено го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град поради страв од нарушување на воздушниот простор со дронови. Предупредувањето набрзо потоа беше укинато на територијата на целата држава. „Веднаш тргнете се на безбедно место, погрижете се за вашите блиски и чекајте нови препораки“, порача литванската војска во известувањето испратено до жителите на Вилнус. Предупредување ...