Викендов во Дојран ќе се одржи Државното првенство во спортски риболов „У – 15“ за категоријата најмлади риболовци. Годинава ќе се лови на патеката “Партизан” каде ќе учествуваат најдобрите екипи од државата меѓу кои и велешки „Професионал“. Тренерот на ЗСР Бабуна Никола Џампалов не го крие оптимизмот. – Победивме минатата година и не гледам причина да не го повториме успехот. Имаме талентирани младинци кои имаат знаење. Верувам дека и ...
Се одржа традиционалниот куп во спортски риболов “Петре Прличко”. На патеката Езерце во градскиот парк во Скопје најголемо знаење покажаа гостите од Ниш, екипата на „Наис“ која го освои првото место пред домакинот „Вардар“ и третопласираната екипа „Елита“ од Гнилање. Поединечен првак е Тони Гоговчевски од „Вардар“, втор е Звонко Лазаревски од „Пчиња“ Куманово а третото место го освои Јовица Велиќ од „Наис“ од Ниш. Од велешките преставници ...

