Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека е критична кон идејата на Србија и Албанија да им се дозволи да станат членки на единствениот европски пазар и Шенген зоната, нагласувајќи дека нема „лесно“ или делумно членство, туку само полноправно членство во ЕУ откако ќе бидат исполнети сите обврски. Во врска со иницијативата што српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама ја презентираа во заедничка статија ...

Во врска со иницијативата што српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама ја презентираа во заедничка статија за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Кос рече дека „двајцата политичари веројатно знаат дека за членство во единствениот пазар и Шенген зоната треба да се исполни многу во областа на владеењето на правото“. „Значи, нема попуст“, рече Кос, одговарајќи на прашања по предавањето што го одржа на Универзитетот во ...