Македонската музичка сцена добива нов, свеж и креативен момент со песната на Александар Тарабунов- „Француски вагони“. За оваа композиција, самиот пејач вели: „Француски вагони“ е многу специфична песна која сама се изгради низ динамиката на процесот на создавање, природно и интуитивно. Во неа се крие мистика, исполнета е со страст, те држи во романтика и тага, ти дава надеж, за на крај да се отвори и да ти даде искрен совет, потсетувајќи те ...

„Француски вагони“ e новата песна на поп-пејачот Александар Тарабунов-Тара, која е промовирана на дигиталните платформи. Тарабунов е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман. Спотот, кој е снимен во центарот на Скопје, го снимаше Владислав Гавриловски. „Песната ја направив за една недела, музиката, текстот, аранжманот, придружните вокали, главниот вокал, продукцијата, сѐ. Инспирацијата си дојде природно, без да мислам на нешто ...