„За првпат со овој извештај директно се посочува дека финансиската независност на судството е проблем во однос на целосно остварување на независноста, односно фактот дека судството зависи целосно од тоа каков буџет ќе му биде доделен, дали ќе ги добие тие 0,8 отсто од бруто-домашниот производ, гарантирани со закон, или тие 0,2 до 0,3 отсто што ги добива секоја година, а кои очигледно не ги задоволуваат потребите“, вели судијката во Врховниот суд ...
Извештајот на Европската комисија, објавен минатата недела, ја отсликува реалната состојба на нештата во земјата. Ова е ставот на Мирјана Лазарова-Трајковска, актуелна судијка во Врховниот суд, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, поранешна уставна судијка и членка на Венецијанската комисија. Лазарова-Трајковска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека извештајот првпат подиректно ги посочува двата најголеми проблеми во ...

