По помалку од месец дена од смртта на неговиот син Петар, почина Наум Бурназ (86), доајенот на македонската песна. Во текот на својата богата кариера, Бурназ остави значаен белег на македонската естрада, изведувајќи бројни народни песни кои и денес се слушаат и се дел од македонската музичка ризница. Неговата внука Мирјана Бурназ се прости од него на социјалните мрежи: -Дедичко мој најсакан… Денес нѐ напушти и ти, за да бидеш повторно заедно ...
Македонија остана без еден од своите најпрепознатливи музички амбасадори. Наум Бурназ, доајенот на македонската песна, почина во Охрид на 86-годишна возраст, оставајќи зад себе живот целосно посветен на музиката. Неговиот глас за многумина веднаш буди спомени на „Бор садила мома Евгенија“, „1762 лето“, „Ајде Милке да бегаме“, „Јас Методи Патчев од Охрида“ и на бројни други песни што ги изведуваше со достоинство, чиста дикција и препознатлива ...

