Неколку пациенти на Клиниката за онкологија примиле терапија што не била во согласност со медицинските препораки, покажува вештачење поврзано со случаи што се предмет на истрага. Според наодите, станува збор за отстапувања од стандардните протоколи за лекување, што отвора сериозни прашања за начинот на кој се носеле одлуките за терапија. Во извештајот се наведува дека кај дел од пациентите биле применети терапии што не одговарале на нивната ...
На денешното рочиште за случајот „Онкологија“ вештакот Милан Ристески повторно сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, при што посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии. – Направени се 33.000 преписи на скапа терапија. Проверувани се сите. Методолошки. Она што е најдено како чудно и неправилно овде е изложено – истакна Ристески во изјава за МИА. Како и на ...
Кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, рече вештакот Милан Ристески на денешното рочиште за случајот „Онкологија“, пренесува државната агенција МИА. Тој посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии, а особено ги потенцираше случаите во кои пациенти со рак на бубрег не добиле „пембролизумаб“, иако според индикациите требало. „Направени се триесет и три илјади ...

