На младите генерации мора да им се пренесе дека македонскиот јазик се зборува само овде, во независна Македонија и ќе постои сѐ додека ние го употребуваме, бидејќи најголем предизвик ни е употребата на странските зборови, вели директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Според неа иако веќе 80 години македонскиот јазик и македонистиката се проучуваат и се штитат во македонската држава како ...

Најголемиот предизвик сега е да се зачува убавиот македонски збор. Гледаме дека зборовите застаруваат – некои полека, некои брзо. Стануваат анахрони од проста причина што ние забораваме да ги употребуваме. Постепено исчезнуваат, ги нема, и кога не се спомнува и употребува зборот, тој полека станува архаичен. Во новите речници архаичните зборови нема ни да влезат или ќе стојат со ознака архаизам, а всушност преживеале векови, вели во интервју за ...

Во годината во која државава чествува осум децении од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, предизвик за неговите проучувачи е, вели таа, „да не дозволиме влијание и навлегување на странски елементи во структурата и граматичкиот систем на македонскиот јазик“. – Веќе имаме промени врз кои влијае глобализацијата и ние, сакаме или не, сме дел од неа. Правописот и правоговорот доволно се почитуваат меѓутоа, сепак, може да се направат уште ...