Видливо намалени брзини, дополнителни кочења и поради тоа често палење на задните „стоп-светла“, внимателност при доближувањето на пешачкиот премин… се забележуваа денеска пред камерите на системот „Безбеден град“ на скопската сообраќајница „Свети Кирил и Методиј“, во близина на трговскиот центар „Дајмонд“. Утринскиот старт на системот донесе и промени во однесувањето на возачите кои имаа можност да се навикнат на камерите во изминативе два ...
Иако законската толеранција за сообраќајни прекршоци регистрирани преку камерите во Безбеден град се зголемува, високата будност за избегнување казни предизвика редици во главниот град. Дури и на секој семафор, штом почне да трепка зеленото светло, возачите запираат. Постарите автомобили кои немаат дигитални мерачи возат дури и побавно од 30 км/ч, иако ограничувањето на брзината во Скопје е 50 км/ч. „На вториот ден од имплементацијата на ...

