По пауза, односно чекање од 24.часа, МКК Куманово и Феникс 2010 го одиграа својот натпревар од третото коло од МТЕЛ Супер лигата А во него, комплетна доминација на кумановци и победа со 99:81.. Особено во првото полувреме, во кое се стекнаа со висока предност која во вториот дел ја претворија во сигурна победа, за нив трета во исто толку одиграни натпревари. Мошне ефикасно прво полувреме одиграа домашните кошаркаари. Односно 20.минути во кои ...
Екипата на МКК Куманово остана максимална и по четири кола во шампионатот на Македонија, со победа над екипата на Ангели од Скопје (109-67) во мечот во рамки на новото коло во домашната лига. Екипата на Марин Докузовски не виде мака да слави над ривалот кој обезбеди промоција оваа сезона во најдоброто друштво. Сите четири периоди им припаднаа на домашните, а тие беа „најнеубедливи“ во последниот, кој го добија со четири поени разлика - ...
Кошаркарите на Куманово останаа максимални по три кола во Суперлигата, откако славеа во одложениот дуел против Феникс 2010 со 99-81. Домашната екипа во спортската сала „Куманово“ бргу ја презеде предноста по стартното скопско водство. Првата четвртина беше релативно израмнета, а на крајот кумановци ја завршија со највисоката позитива (24-19). Во вториот период Феникс „се распадна“, дозволи ривалот да даде двојно повеќе поени и предноста ја мина ...

