Вечерва на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа ...
Над 1600 деца и млади танчери од 12 држави во сабота ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар “Стејџ 2025”. Тие, од 9 до 22 часот, ќе танцуваат класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц… „Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ ...

