На денешното судење за смртта на двегодишната Данка Илиќ беа сослушани неколку сведоци, меѓу кои жители и соседи од Бањско Поље, како и познаници и соседи на обвинетите Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Посебно внимание привлече сведочењето на Раде Микиќ, кој изјави дека тој ден, кај портата од имотот на мајката на Данка Илиќ, ги видел Ивана и едно дете, како и еден маж во нејзино друштво. Микиќ раскажа дека на 26 март 2024 година, околу ...

Нови детали за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ беа изнесени денеска пред Вишиот суд во Неготин, каде што продолжи судењето против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за нејзиното убиство. Пред судот сведочеше Зоран Здравковиќ, нивниот поранешен раководител, кој откри што разговарал со обвинетите на 26 март 2024 година, денот кога исчезнало девојчето. Според неговото сведочење, Драгијевиќ му кажал дека веќе слушнал за ...

Во Вишиот суд во Неготин продолжи судењето на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгиевиќ, обвинети во случајот за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ. На рочиштето беа сослушани единаесет сведоци, кои стоеја зад исказите што претходно ги дадоа пред Вишото јавно обвинителство, пренесува РТС. Поголемиот дел од сослушаните сведоци потврдија, како што објави јавната служба, дека на судбоносниот ден виделе девојче кое одговара на описот на ...