Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша ...
Зеленски денес е речиси исто толку осамен како и првиот ден по руската инвазија пред речиси четири години, кога се заколна дека нема да ја напушти земјата, туку ќе се бори. Но, постои голема разлика. Тогаш, Украинците се обединија за каузата, брзаа да се приклучат на борбените единици и покажаа огромен отпор и социјална солидарност. Сега, воениот напредок на Русија на исток се забрзува, Украинците дезертираат или избегнуваат мобилизација, а ...
Емануел Макрон кажа дека само Украина може да решава за своите територии во мировните разговори со Русија откако денеска го прими Володимир Зеленски во Париз, ден пред средбата на американската делегација со Владимир Путин во Москва. Европските лидери му дадоа поддршка на Зеленски по американско-украинските разговори за ревидирање на мировниот план за Украина, кој во прв момент силно ја фаворизираше Русија. Зеленски кажа дека изменетиот план ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неговите повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон биле фокусирани на изнаоѓање начин за завршување на војната, нагласувајќи дека мирот во Украина мора да биде навистина траен. „Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери“, напиша Зеленски во објава на „Икс“. Зеленски денеска ...

