Ракометниот клуб Охрид го промовира големото засилување кое доаѓа директно од Бундеслигата, бидејќи потпис на договор стави Тилен Стрмљан. Словенечкиот среден бек е повремен репрезентативец на „змајечки“, а крај езерото доаѓа од редовите на Хановер во една од најсилните лиги на светот. Стрмљан потпиша со охриѓани договор во важност до 2027 година, задолжувајќи го дресот со бројот „2“. 29-годишникот се очекува да биде огромно засилување за тимот ...

Екипата на Охрид продолжува со засилувањата и најавите за моќен тим во следната сезона. Суперлигашот продолжува да формира сериозен состав за иднина со кој очекува да го нападне шампионскиот трофеј во Суперлигата. На брегот на Охридското Езеро пристигнува уште еден квалитетен ракометар од најсилната лига на светот. Станува збор за хрватскиот лев бек Анте Иванковиќ, кој од следното лето ќе го носи синиот дрес на четвртиот тим во македонскиот ...