Бугарија втора година во низа беше претставена на меѓународниот фестивал „Беверли Хилс“, кој обединува култури и традиции од целиот свет преку музика, танц, уметност и кулинарски презентации, јавува БНТ. Бугарија беше претставена од танцовиот ансамбл „Хоротропци“, предводен од Веселка Василева. Ансамблот настапи со автентични бугарски народни танци и традиционални носии од Шопската, Пиринската, Добруџанската и Тракиската фолклорна област. ...
Бугарскиот фолклорен ансамбл „СОФИЈА-6“ на 13 јули ја освои првата награда на меѓународниот фестивал „Newborn Kosova 2026“ во Приштина, соопшти бугарската амбасада во Косово, пренесува БНР. Во тридневната програма ансамблот настапи заедно со фолклорни и танцови групи од Франција, Турција, Холандија, Мексико, Унгарија, Грција, Костарика и Бугарија. Настапите ги оценуваше меѓународно жири. „Вие сте гордост за татковината и вистински амбасадори ...

