Немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе кои приметив дека не чувствуваат ниту вина ниту покајание, туку демонстираа гнев и разочарување од т.н. „цар“ алудирајќи на Љупчо Палевски Палчо – сведочеше таткото Александар Ѓорчевски пред судот. Секое рочиште слушам кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, слушам како ја ставале во вреќи и трескале по гепеци, како психички и вршеле тортури и на крај се обидувале да ги замачкаа доказите ...
Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На почетокотот Ѓорчевски, прашан од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, „дали денеска се чувствува подготвен и согласен да даде исказ пред судот“, рече дека „чувствува обврска, ...

