Во рамки на подготовките за второто коло од Лигата на Европа, Европската ракометна федерација ги објави имињата на судиите и делегатите кои ќе бидат задолжени за натпреварите. Меѓу нив се најдоа и македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски од Битола, кои добија доверба да судат на меѓународен дуел во Романија. Браќата Илиевски ќе ја делат правдата во Баја Маре, каде домашниот состав ќе се соочи со унгарскиот претставник Мошонмаѓаровар. ...
Четвртопласираната репрезентација од последното Светско ракометно првенство, Португалија, со победа го почна Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Португалците лесно ја совладаа Романија со 40:34 (23:15), во првиот меч од групата Б. Најефикасни во португалскиот табор беа Кико Кошта со девет, Мартин Кошта со седум и Салвадор Салвадор со шест гола, а кај Романија се истакнаа Станциуц со осум и Бузла со шест погодоци. Во вториот ...

