Со натпреварот меѓу Арсими и Шкупи ќе се отвори 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, меч кој е закажан за петок од 12 часот, а се игра на Градскиот стадион во Гостивар. Главен судија на овој меч ќе биде Александар Василевски, а ќе му помагаат Елена Соклевска Илиевски и Мартин Дејаноски, додека пак Марјан Дејаноски е четврт судија. ВАР судија е Никола Костенчев, а пак АВАР судија е Гоце Петрески, оператор за повторување на снимката е ...
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Арсими денес со убедлив триумф од 5:1 го декласираше Шкупи за отварање на 29. коло. Екипата на Вилдан Салиу сега е на чекор до опстанок во елитата, бидејќи направи посериозна разлика од бараж зоната. Арсими сега е шести со 38 бодови, дури пет повеќе од Брера Струмица која е осма со 33 бодови, но секако дека кога ќе се комплетира колото може да се случи да се намали таа бодовна ...

