На прес-конференција на која беше најавен уште еден успех на македонската кинематографија – дебитантскиот долгометражен филм „17“, поддржан од Агенцијата за филм, кој ќе ја има својата светска премиера на претстојниот Берлински филмски фестивал – во присуство на режисерката Митиќ и продуцентот Салковски, се обрати и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој изрази став дека едно од клучните прашања за македонската кинематографија ...
Копродукцискиот долгометражен филм „Срам и пари“ (Shame and Money) на режисерот Висар Морина, освои Гран-при од жирито во категоријата Светски филм – Драма на престижниот фестивал „Санденс“ во Парк Сити и Солт Лејк Сити (САД). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, а од Македонија како копродуцент е List Production. Светската премиера на филмот се одржа на 25 јануари. Филмот е копродукција на компании од Германија, Косово, Словенија, ...

