Двајца патници кои одеа под силното, попладневно сонце, седнаа под сенката на едно големо и старо дрво за да одморат. Гледајќи ги лисјата што им пружаа прибежиште од сонцето и топлото, дојдоа до заклучок дека дрвото е всушност Чинар. „Колку е бескорисен Чинарот како дрво!“ рече наеднаш едниот од нив. „Не раѓа плод и згора на тоа само стои и прави ѓубре со лисјата.“ „Неблагодарни суштества!“ се зачу глас од Чинарот. „Лежите тука, под мојата ...

Едно живко јаре, за да не западне во неволја овчарот го беше оставил на покривот на трлото. Јарето шеташе по покривот, те на оваа, те на онаа страна дури не го загледа Волкот застанат долу. Наеднаш се насмеа и се приближи на ивицата, а потоа почна да го навредува, понижува и предизвикува Волкот. „Те слушам,“ рече Волкот, „ама не можам да ти замерам за сѐ она што го зборуваш затоа што знам дека не зборуваш ти, туку покривот. Затоа, совет од мене: ...

Еднаш, Глувците решија да се состанат за да се договорат како да се решат од нивниот страшен непријател, Мачката. А, ако веќе не можат да најдат начин да се решат од неа, барем да најдат начин за можат да слушнат кога доаѓа, па да се скријат, зошто нешто веќе мораше да се направи. Со години трпеа терор, живееја во страв и поради тоа не можеа ни да излезат од своите домови. Многу планови беа разгледани на овој состанок, ама ниеден не беше како ...