Дебитантот во Првата женска фудбалска лига Вардар, в сабота ќе го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки против актуелниот шампион Љуботен. Натпреварот е предвиден да се одигра на „АМС Спортски центар“ во Тетово, со почеток од 12:30 часот. Овој меч ќе послужи за добивање појасна слика околу тоа како фудбалерките на двете екипи во изминатиот период ја подигале формата. Љуботен во пролетниот дел со Скопје ќе води ...
Денес беше одигран пријателски натпревар меѓу актуелниот шампион на Македонија Љуботен и дебитантот во Првата женска фудбалска лига, Вардар во меч на кој тетовскиот тим кој ја брани двојната круна триумфираше со убедливи 8:0. Новите засилувања на Љуботен се „распукаа“ со погодоци во дресот на новиот клуб. Репрезентативката на Хаити, Лори-Ен Моисет која вчера беше промовирана во дресот на Љуботен постигна три погодоци во мрежата на Вардар, а ...

