Со синоќешните средби во Малме финишираа возбудувањата во групната фаза на ЕП 2026, што Македонија за жал и покрај добрите изданија во Хернинг не успеа да ја мине и да се пласира во главната рунда. Заокружувањето на групите е можност и за статистичка анализа, па така Македонија повторно имаа топ-стрелец во своите редови. Филип Кузмановски, кој одигра меч за паметење во ремито со Португалија, е трет стрелец во групната фаза од ова ЕП. ...
Наша најсветла точка на турнирот беше Филип Кузмановски. Капитенот на Македонија блескаше и одново покажа дека е лидер на младиот тим. Кузмановски ја заврши групната фаза како трет најдобар стрелец со 28 постигнати гола. Најдобриот меч му беше против Португалија кога даде рекордни 15 гола, против Романија постигна девет, а со Данците стрелаше четири пати. На врвот на листата стрелци се Франциско Кошта и Ѓиорѓи Тсковребадѕе кои дадоа по еден ...

