Министерката за финансии Гордана Кочоска денеска изјави дека во буџетот нема расположливи средства, при што, како што наведе, планираниот годишен буџетски дефицит е веќе искористен во првите шест месеци од годината, велат од СДСМ преку соопштение за јавноста. Од опозициската СДСМ реагираат дека ваквиот развој на настаните претставува потврда на нивните предупредувања од почетокот на мандатот на актуелната Влада. Во продолжение интегрален ...
– Министерката за финансии Гордана Кочоска денеска призна дека во буџетот нема пари. Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината. Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува. Ова не е изненадување. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада – наведува СДСМ. ...

