Ученичка од шесто одделение била брутално нападната од три повозрасни девојчиња и како последица на тортурата, сега добива стручна помош. Инцидентот се случил во населбата „Ѓорче Петров“, каде според информациите, девојчето било насилно однесено во парк, по што било физички нападнато, горено со цигари, понижувано и принудено да јаде кучешки измет. Дел од бруталниот чин бил снимен со мобилен телефон. Причината за нападот, според првичните ...

Министерството за внатрешни работи води активна истрага за случајот на врсничко насилство во скопската населба Ѓорче, во кој, според официјалните информации, веќе се повикани на разговор 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека станува збор за сериозен проблем кој бара институционален, но и поширок општествен ангажман. - Ова е сериозен проблем кој нè ...