Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, објави дека денес ќе биде подготвено владино упатство во врска со можен неработен ден во четврток, 2 јули, поради натпреварот од Светското првенство меѓу БиХ и САД, објавува „Н1 Сараево“. Тој додаде дека ќе ја испрати иницијативата до деловната заедница и локалните самоуправи и дека секој ќе може да одлучи дали да воведе неработен ден и да го прилагоди работното време. Никшиќ ...

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина ги пушти сите сопирачки. Фудбалската еуфорија во Босна и Херцеговина отиде толку далеку што владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, еден од двата ентитета во земјата, им препорача на работодавците да го поместат почетокот на работното време на 2 јули поради доцниот почеток на натпреварот од Светското првенство помеѓу репрезентацијата на БиХ и домаќинот САД, кој ќе се игра од среда до четврток ...