Македонските кикбоксери ќе бидат дел од еден од најголемите и најпрестижни турнири во светот. Од 10 до 15 март 2026 година во Лидо Дијесоло, Италија, ќе се одржи престижниот WAKO World Cup Italy 2026, каде ќе настапат и претставници од Македонија. Нашата држава на овој голем меѓународен настан ќе ја претставуваат 17 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови, придружувани од 9 тренери, кои ќе се натпреваруваат против елитни борци од целиот свет. ...

Македонските кикбоксери имаа успешен настап на првиот ден од квалификациите на WAKO Italian Kickboxing World Cup 2026. Турнирот е еден од најпрестижните на календарот на WAKO – World Association of Kickboxing Organizations и се одржува од 10 до 15 март. Во квалификациските борби победи извојуваа Мирко Василев, кој славеше против Челебиќ Перо од Австрија, Петре Велков против Хесгеми Захед од Швајцарија, како и Силвио Мировски кој беше подобар ...