Територијата на нашата Република Македонија во следните 24 часа ќе се наоѓа под периферно влијание на ладен бран кој е со потекло од север и од североисток. Во ваква ситуација, кај нас во нашата Македонија, и тоа особено во Повардариете и во источните предели ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено и локално ветерот во овие предели ќе достигнува брзина од над 70 км/час. И во Скопскиот регион во ...
До петок (18 април) во нашата Република Македонија ќе се задржи многу променливо и нестабилно време со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, најизразен Долж Повардарието. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на град, па така овие процеси би можеле да бидат и во форма на краткотрајно невреме. И во Скопскиот регион ...