Данска денес го забележа најтоплиот ден откако започнаа официјалните метеоролошки мерења во земјата, при што температурите достигнаа 36,6 степени Целзиусови поради интензивниот топлотен бран што зафати голем дел од Европа, објави Данскиот метеоролошки институт (DMI). Институтот соопшти дека температурата е измерена северно од градот Оденсе, со што е соборен претходниот апсолутен рекорд од 36,4 степени Целзиусови, забележан во Холстебро на 10 ...

Топлотниот бран што повеќе од една недела соборува температурни рекорди низ Европа и однесе десетици човечки животи, продолжува да се движи кон исток. Велика Британија, Франција, Швајцарија и Германија веќе се соочија со екстремни горештини, а метеоролозите предупредуваат дека нови рекорди се можни додека жешкиот воздушен бран се преместува преку Германија кон Полска. Според прогнозите, денес околу 193 милиони луѓе во Европа, меѓу кои и 75 ...