Тој додаде дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно, со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остваруваат своите права Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност на која досега соодветно е одговорено, а исто ќе биде и во иднина доколку има потреба за тоа. „Сето она ...
Последните случувања во земјава јасно сигнализираат дека постојат структури внатре во државата што за да се заштитат од евентуален кривичен прогон се подготвени да иницираат акции што би можеле да бидат вовед во една поширока регионална дестабилизација, која покрај Македонија, би го зафатила и Косово. Тие внатрешни дестабилизирачки елементи, според нашите соговорници, ќе го користат моментот на одвојување на Албанија од пакетот со Македонија, ...
МВР е подготвено жестоко да одговори на секој обид за дестабилизација на земјата со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако интегративците на Ахмети по одржаниот состанок во Мала Речица се огласија на социјалните мрежи со напис и фотографија- „Ние сме подготвени и тука сме, дали сте вие подготвени?“ Без да биде конкретен дали МВР има сознанија дека нешто се подготвува, ...
Полицијата е подготвена да одговори на секаков вид на обиди за дестабилизација, дециден е министерот за внатрешни работи. Еден месец откако власта предупреди дека опозициски структури подготвуваат дејствија во насока на закана за состојбата во државата, првиот човек на полицијата Тошковски смета дека веќе бевме сведоци на некои случаи. Но, МВР има капацитети да одговори и на идни обиди. Пред помалку од една недела осамна веста дека Македонија ќе ...