Новата програма за финансиска поддршка во земјоделството предизвика бурни реакции кај земјоделските здруженија и производителите, кои велат дека намалените субвенции ќе доведат до намалување на производството на храна. Дел од земјоделците сметаат дека со измените во субвенциите голем број мали производители, како овоштари и градинари, веќе нема да исполнуваат услови за добивање поддршка и ќе останат без субвенции. Според опозицијата, ...

Со кратењето на субвенциите, наместо да им се даде ветар во грб, земјоделците се сечат од корен. Земјоделците предупредуваат дека намалената буџетска поддршка и ниските откупни цени го загрозуваат домашното производство. Велат дека им се одземаат основните услови за опстанок и дека немаат никаква заработка од земјоделското производство. Порано со една нива од два декари прехранувале цело семејство, а сега не може да ги повратат ни вложените ...