Роден во с. Теарце во 1771 година. Заедно со татко му Пејчин, и со стрико му Далмат замина на Света Гора, во манастирот Хиландар. Таму Кирил се истакнуваше со својот подвиг и послушание, бивајќи неуморен во постот и молитвите. По извесно време беше замонашен и ракоположен во свештенички чин, а Божествената литургија ја служеше со особена љубов. По Божја промисла и со благослов, заради проповед на Евангелието во својот роден крај, кој поради ...
Роден е во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ненаучен мудрец и разумен незнајко“. Побегна во еден манастир, каде прими монашки чин од монахот Роман и се повлече во една недостапна гора, па остана во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од ...

