Младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица од Радовиш го започнаа подготвителниот период за претстојните предизвици, со фокус на настапот на меѓународниот турнир Вихрен Куп, кој ќе се одржи на 29 јануари 2026 година во Сандански, Бугарија. Во тренажниот процес се вклучени селекциите помлади пионери – петлиња, кои со голем ентузијазам и мотивираност работат под „полна пареа“, со цел радовишкиот клуб да има што е можно поуспешно претставување ...

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги потврди трансферите на четири фудбалери кои ги најави претходно Спортска Мрежа. Се работи за повратникот Тони Мирчевски, голманот Павел Петревски, за Љупче Христовски и за младиот и талентиран Омер Сулејмани. 29-годишниот Мирчевски се враќа во Детонит Плачковица, тој во минатото настапуваше за радовишкиот второлигаш и беше дел од златната генерација која го испиша најголемиот резултат ...