Женскиот ракометен клуб Вардар продолжува со интензивните подготовки за продолжението од сезоната и паралелно го заокружува ростерот со квалитетни млади ракометарки. „Црвено-црните“ зад себе веќе имаат успешно учество на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“, каде стигнаа до златниот пехар, а дел од тој успех беа и новите засилувања кои постепено се интегрираат во тимот. Од денес, Вардар и официјално доби уште едно репрезентативно име ...

ЖРК Вардар и во овој зимски преоден рок јасно ја следи стратегијата за градење тим со млади македонски репрезентативки. „Црвено-црните“ официјално го потврдија ангажманот на уште една перспективна ракометарка, со што ова е петтото засилување кое настапува за националните селекции на Македонија. Нов член на Вардар е талентираното десно крило Мина Ѓурческа, која доаѓа од редовите на Металург Автокоманда. По Таида Беровиќ, Евгенија Смиљковска и ...