Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, во обраќање до јавноста оцени дека изборот на нов јавен обвинител не е само кадровско прашање, туку клучен тест за тоа дали државата конечно ќе обезбеди вистинска правда или ќе продолжи практиката на селективност. Таа посочи дека со години се води иста дебата за правосудството, без суштински промени, и ја критикуваше постапката во која прво се избира обвинител, а потоа се менуваат законските решенија. ...
На денешната дебата за новиот државен јавен обвинител во Собранието, пратеничката Моника Зајкова оценува дека Владата одлучи кој е прифатлив, а кој не, и според неа, со тоа повторно се создаде впечаток дека политиката има последен збор каде што треба да владее правото. Зајкова притоа ја спомна обвинителката Ленче Ристоска, за која уште претходно премиерот Христијан Мицкоски рече дека отпаѓа од трката. -Не може да се премолчи фактот што ...

