ПСЖ влегува како благ фаворит за одбрана на пехарот во Лигата на шампиони на два дена пред големото финале кое ќе се игра во Будимпешта, но дефинитивно не смее да се потцени тимот кој оваа година испиша историја по пауза од 22 години. Арсенал ја освои Премиер лигата после повеќе од две децении и со голема доза на самодоверба ќе патува во Унгарија, а според легендарниот Кафу, тоа може да биде голем плус за Микел Артета и неговите избраници. ...

Андреа Пирло добро знае што значи да се биде дел од големото финале во Лигата на шампиони, па како човек кој четири пати играше на завршните сценарија и кој три пати ја освои титулата, реши да направи анализа на големиот меч кој следи. Сите очи ќе бидат вперени кон Будимпешта во сабота во 18:00 часот кога на теренот ќе излезат играчите на ПСЖ и Арсенал, па со оглед на тоа што станува збор за два тима кои презентираа најголем континуитет во ...