„Квазихомо“ автор: Алан Кога им погледнувам в очи на годините што изминаа и останаа некаде зад мене, а сепак сѐ уште се толку присутни во мене, сфаќам дека само неделите беа наши празници. Тогаш сите, колку и да бевме затворени внатре во себе, станувавме едно. Обврските во недела нѐ поврзуваа. Ни беа единствената причина за комуникација. Колку тажно е ова од денешна перспектива, си велам. Тогаш бев неизмерно среќна особено зашто ја препознавав ...
„Куклица“ Автор: Еремитот Румена се нагрна со јакната додека жолтото „поло“ исчезнуваше зад свиоците на патот кон Кратово, со ветување од возачот дека ќе се врати по неа за неколку часа. Куклица, долината на камените кукли, ја очекуваше подолу – глува, пуста и премолчена, како веќе да знаеше дека таа доаѓа. Од сите приказни што ги слушнала за ова место – за свадбената веселба што наводно била проколната и овековечена во камен – најмногу ѝ тежеше ...