Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина над 60 километри на час. Температурата ќе се спушти најниско во Берово, каде утринската ќе изнесува минус 5, а најтопло ќе биде во Гевгелија, каде дневната ќе се искачи до 10 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до ...

Во текот на вчерашниот ден во Солун и на Халкидики биле регистрирани налети на северен ветер од над 80 километри на час, а противпожарната служба на Грција примила 600 повици за помош во поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, највисоката измерена максимална брзина на ветерот била регистрирана во Солун, со 108 километри на ...