Град Скопје ќе добие на заем нафта од државните резерви, одлучи денеска на вонредна седница македонската Влада. Оваа следи откако Скопје речиси остана без јавен превоз, поради тоа што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје остана без нафта поради неплатен долг. Во сообраќај се само 25 автобуси на ЈСП, кои возат на гас. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на Еуродизел, велат од Бирото за јавни набавки Скопје ем ...

Владата донесе одлука за утврдување кризна состојба во јавниот превоз во Скопје поради недостиг на гориво во ЈСП. Дел од државните нафтени резерви ќе бидат позајмени на Градот Скопје за да се надмине кризата и да се обезбеди функционирање на јавниот транспорт. Донесена е одлука за итна набавка на деривати преку постапка со преговарање, со цел да се скрати времето потребно за снабдување. Со ова, Владата го затвора прашањето за тековните ...