Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година. Од сè срце му се заблагодарам на жирито и особено на „Две Марии“ на Славко Јаневски од каде што тргнаа моите „Три Марии“. Им се заблагодарувам на сите претходници со кои се занимавам децении наназад, за да им се оддаде заслужената почит, за да им се навратиме, да ги ...

Шест автори беа во најтесниот избор за Роман на годината за 2025 година, но Оливера Ќорвезироска (1965, Куманово) со мнозинство гласови ја освои престижната награда за романот „Три Марии“ (издание на Арс-Либрис), „ мајсторски напишан роман, во кој секој лик е внимателно изграден и секој детаљ има важно место во мозаикот на приказната“, како што стои, меѓу другото, во образложението на жирито, во состав: Калина Малеска , Иван Антоновски, Ивана ...