Маргица Антевска е родена на 27 август 1952 година во Битола. Таа е позната македонска пејачка на народни песни и еден од најпрепознатливите гласови на македонската народна сцена. Припаѓа на генерацијата уметници кои оставија длабока трага на естрадната и фестивалската сцена во Македонија. Својот најголем успех Маргица Антевска го постигна со незаборавната песна „Ој Туѓино (Судбо)“, со која настапи на фолк фест Валандово во 1991 година. ...

Тодор Гечевски е роден на 28 август 1977 во Кавадарци. Тој е македонски поранешен кошаркар, член на Македонската кошаркарска репрезентација и поранешен директор на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој бил прогласен за најдобар македонски интернационалец од 2005 до 2009 година, како и најдобар домашен играч за 2012 година. Гечевски играл на позицијата центар. Тодор Гечевски бил откриен од страна на Димитар Пецов, популарниот „професор“ ...