Легендарниот Грем Сунес на свој начин даде коментар за трката за титулата во англиската Премиер лига. Иако можеби е рано да се даваат силни заклучоци, коментари со оглед на тоа што се одиграни само 16. кола, јавноста на островот сака дебати, сака атмосферата да се загрева, па и Сунес од стручен агол се обиде да објасни што се случува и кој може да биде најголемиот проблем за Арсенал без разлика на тоа што во моментов е лидер на табелата. ...

Проблемите со повредите на Арсенал повторно стапија на сцена откако камбекот на Каи Хаверц на терените мораше да биде одложен. Германецот е „во аут“ од 17 август кога го повреди коленото и мораше да биде опериран, неговиот камбек беше најавуван пред самиот крај на годинава, но напаѓачот во текот на вчерашниот ден се пожалил на болка во пределот на повреденото колено. Деталните прегледи не покажале пресериозен проблем, но сепак е препорачано ...