Според професорката на Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ, со право се стравува од одлуката само „нека се гради”, без да се има увид во тоа што ќе се предизвика и кои ќе бидат последиците. – Веќе пет години се чека сообраќајната студија за да се постават решенијата за новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје и, секако, неговата изработка, со кои требаше да се ревидира сообраќајното решение на Скопје, кое, патем, е одамна ...
Жителите и сопствениците на деловни простори во станбениот комплекс на улицата „Антон Попов 1“ во центарот на Скопје изразуваат загриженост поради претстојната изградба на влезот во подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“. Според нив, ископите што се планирани во непосредна близина на објектот можат да ја доведат во прашање безбедноста на зградата и на нејзините жители. Град Скопје треба да ја започне втората фаза од реализацијата на ...

