Со драматична пенал-завршница и еден прекинат натпревар продолжи четвртфиналната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“. Во првиот четвртфинален дуел, Бразилиан и Златара Бени Ерол одиграа неизвесен натпревар кој во регуларниот тек заврши 2:2. Патникот во полуфиналето беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе присебност покажа Златара Бени Ерол, која славеше со 3:2. Вториот натпревар меѓу Инекс Олгица Хотел и ...

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки. На програмата се преостанатите два четвртфинални натпревари, кои се очекува да донесат нова доза неизвесност и атрактивен фудбал во борбата за место меѓу четирите најдобри екипи. Програмата започнува во 21:00 часот со дуелот меѓу Сатеска и Екстра Скопско, а од 22:00 часот силите ќе ги одмерат Асп Пак и БЗ Груп. Претходно ласман во полуфиналето ...