Во малото гратче Нишеми на Сицилија, ситуацијата стана критична откако циклонот Хари предизвика огромно свлечиште долго четири километри. Градот, кој буквално се лизга кон југ, доживува драматични моменти додека од земјата се слушаат морничави звуци на слегнување на земјиштето. „Ситуацијата е критична, а постојаните уривања во текот на ноќта покажуваат дека свлечиштето е сè уште многу активно“, објавуваат италијанските медиуми, додека ...
Ситуацијата со големото свлечиште на југот на Сицилија дополнително се влоши, а досега се урнаа околу 350 милиони кубни метри земјиште, јавуваат денеска италијанските медиуми. Според телевизијата ТР24 Скај, почвата и натаму се поместува, при што се слуша и придушен подземен татнеж, што дополнително ги зголемува стравувањата кај локалното население. Свлечиштето почнало да покажува знаци на активирање во неделата, по што се разви во фронт долг ...

